“Поврзи ме со креативноста” е слоганот на фестивалот за креативната индустрија “Скопје Креатива” кој по петти пат се одржува во главниот град на државава. Овој реномиран фестивал има за цел развој и поттикнување на креативната индустрија, како и поттикнување на индивидуалната креативност, вештини и таленти. Во текот на три фестивалски денови, Скопје е креативен центар на регионот, место за размена на знаења, искуства кои на едно место ги спојува познатите имиња од креативната индустрија во регионот и Европа, млади талентирани уметници, професионалци, студенти и средношколци.
McCann Скопје веќе втора година со ред е дел од оваа креативна приказна и преку инспиративен и свеж креативен израз визуелно ја пренесува овогодишната порака на Фестивалот: креативноста е насекаде околу нас, способна да не’ поврзе со различни ниво и преку различни начини. Креативниот тим на McCann Скопје го осмисли визуелниот идентитет на фестивалот како и сите промотивни материјали, вклучувајќи и ТВ анимации, каталог, брендинг локации, официјалната програма и друго.
Овогодинешната богата и разновидна програма вклучува презентации, проекти од модниот дизајн, мастер предавања, креативни работилници за деца и средношколци и други интересни активности. Постителите ќе можат да уживаат во изложби на студенти, видео и мултимедијални проекции, како и концерти. Неизоставен дел на фестивалот се pop-up продавниците со иникатен накит, филигран, предмети за дома и модни додатоци. Мастер предавања ќе одржат Карл Малмавал, дизајнер од Шведска со долгогодишно искуство во ИКЕА, и австриецот Хајдулф Гернгрос, познат урбан дизајнер. Покрј нив, едно предавање на тема “Креативност и инспирација” ќе има и Ивица Спасовски од агенцијата McCann Скопје.
Спотот можете да го погледнете на: https://www.youtube.com/watch?v=Spd_yNs1iCw