Jас не сум мрзлив! Јас не сум кукавица! Јас не сум без идеја!… Јас не прифаќам предрасуди, ограничувања и етикети! Јас не сум безгласна буква! Јас сум тука, и јас знам кој сум.. – ова се само дел од пораките кои ги упатуваат младите во првата ТВ реклама за брендот Скопско Smooth.
Идејата позади спотот е да го манифестира карактерот на новата генерација и да ги пренесе автентичните потреби и вредности на младите во Македонија.
– Направиме видео кое го следи духот и храброста на младите, кое е свежо и автентично, токму какво што е и новото Скопско Smooth – велат од Пивара Скопје, за новиот “манифест” коj денес со голема брзина се прошири по македонските портали.
Кампањата е реализирана од тимот на Saatchi & Saatchi Македонија кој е дел од агецијата Publicis Македонија.