Скоро половина (43%) од агенциите изјавуваат дека нивните бизниси ќе се зголемуваат во првиот квартал на 2017 додека пак 11% очекуваат пад во согласност со податоците од истражувањето за рекламните агенции спроведено во четвртиот квартал од страна на STRATA. 42% од испитаниците најавуваат дополнување на својот кадар наредната година, а ниту една агенција не објави планови дека ќе го намалува бројот на своите вработени.
Запрашани кои се нивните најголеми предизвици, 51% од агенциите вклучени во истражувањето изјавиле дека нивната најголема загриженост е проширување на распоредот на активности на своите клиенти, проследено со утврдување на вистинскиот медиумски микс (22%). Само 13% од агенциите сметале пак дека задржување на постоечките клиенти е нивната главна грижа, како одраз на довербата во постоечките односи.
Истражувањето во четвртиот квартал покажа дека видео рекламите се уште го имаат доминантниот фокус во маркетингот, а 34% од агенциите истакнаа дека примарен фокус на нивните клиенти се локалните и кабелските ТВ медиуми. За прв пат во историјата на ова истражување, дигиталните видео содржини се наоѓаат на второто место, со одговор од 27% од агенциите кои сметаат дека тоа е нивна примарна цел, односно во овој дел се бележи зголемување од 79% во однос на добиените податоци од претходната година. Прикажувањето на реклами, претходно на второто место, падна на третото место со 15% застапеност во главниот фокус на нивните клиенти.
“На крајот на годината која може да се дефинира како турбулентна, ако не ништо друго, сведоци сме на брзиот пресврт во однос на агенциската перспектива и доверба. Претходно оваа година, откривме дека агенциите имаа големи грижи околу за буџетите и приходите, но сега веќе гледаме со многу поголем оптимизам кон следната 2017 година “, изјави Judd Rubin потпретседател на STRATA.
“Возбудени сме да видиме како оваа нова доверба ќе влијае врз стратегиите за рекламирање во текот на следната година. Локалните и кабелските видео содржини ќе останат повторно во главниот фокус, но дигиталните видео содржини забрзано доаѓаат во преден план. Со мобилното рекламирање и брзорастечките социјални играчи како Snapchat кои веќе прават голем исчекор би можеле да кажеме дека 2017 би можела да биде многу возбудлива година. “
Иако само 6% од агенциите пријавиле дека планираат да издвојат помеѓу 26-50% од својот буџет за реклами на социјални медиуми, ова всушност претставува зголемување од 321% во однос на првиот квартал на оваа година. Мнозинството од агенции известуваат дека платените реклами на социјални медиуми влегуваат во рамките на нивниот буџет од 0-5%, додека пак 18% од агенциите, истакнуваат дека овие активности заземаат 11-25% од нивниот буџет, што е зголемување за 80% повеќе од минатата година .
Во однос на тоа кои платформи агенциите ги користат во социјални кампањи, Facebook останува доминантен, со 94% д фирмите кои планираат да ја користат социјалната мрежа. YouTube, Instagram, Twitter ги заземаат преостанатите позиции последователно. Иако Snapchat се наоѓа на шестата позиција, повеќе од 20% од агенции сега планираат да ја користат апликацијата за размена на пораки, што претставува зголемување од 58% во однос на вториот квартал од 2016 година.
Приближувајќи се до самиот почеток на 2017 година, одговорите на агенциите, исто така, укажуваат на зголемен апетит за програмски опции за купување. 36% од агенциите изјавиле дека тие ќе алоцираат 10-20% од својот буџет за програмско купување, ставка која бележи зголемување од 33% во однос на Q2 од 2016 година. Други 27% од агенциите планираат да издвојат 20-40% од својот буџет за програмско купување, зголемување за 43% во однос на Q2. Процентот на агенции кои се воздржаа од програмски купувања се намали на 24% од агенциите кои изјавуваат дека нема да се посвети дел од нивниот буџет за ваквите програмите, што води кон намалување на оваа ставка за 39% во однос на Q2.