Порталот Sky.mk, во сопственост на Здружението за слободно информирање МЕДИАФАКС , денеска се реши за еден несекојдневен потег за македонската интерет сцена по примерот на водечките портали од запад објавувајќи ги јавно своите податоци за посетеноста и публиката на порталот притоа нудејќи ексклузивен пакет за малите и средни претпријатија со едни од најниските цени за рекламирање на пазарот.
Како што велат во нивното соопштение:
“Со цел да им помогнеме на маркетинг агенциите и компаниите во подобар избор при рекламирање, од денес СКАЈ.мк јавно ја обелоденува својата дневна посетеност.
Секој оној кој што е заинтересиран да прегледа колкава е посетеноста на СКАЈ, тоа ќе може да го стори со кликање на копчето SITEMETER (се наоѓа на дното од сајтот) кое пак ќе ве однесе на нашиот кориснички налог во таа компанија за мерење на сообраќајот на веб страници.“
Sky.mk како еден од водечките македонски портали, според достапните статистики изминатава недела бил посетен вкупно 399,865 пати и имал речиси 58,000 посети дневно, што го рангира во топ 20-те најпосетувани веб сајтови во Македонија.
Новата понуда која е актуелна во промотивниот период нуди позиции за рекламирање почнувајќи од 3000 денари/неделно.
Како што ни изјавија од СКАЈ, очекуваат оваа понуда да биде прифатлива за огласувачите бидејќи нуди уникатна можност за ефтино огласување пред голема интернет публика. Исто така, тие дополнија дека се целосно отворени да ги споделат и Google Anlytics извештаите со сите агенции и компании за уште попрецизно утврдување на читателската публика на порталот.