Маркетинг/ПР агенција си која ми “продава“ приказна дека треба да се огласувам/комуницирам за да остварам подобри деловни резултати – а ти спиеш, се криеш и те нема никаде :) – е изјава која клиентите можат да им ја кажат на многу агенции од регионов……но тоа никако не може да им се каже на агенцијата Scholz & Friends Белград.
Scholz&Friends Белград неодамна реализираа нова своја self-promo кампања – прсти да си излижеш, буквално!
На своите потенцијални клиенти агенцијата им приреди слатко и вкусно изненадување испраќајќи им кутии со специјално направени колачиња кои ги прикажуваат членовите од тимот, со повик за компаниите да им дадат шанса и “да ги пробаат“. Германски рецепт со домашни состојки !