(18.08.2020) – Белгискиот бренд сладоледи Magnum, во соработка со неколку современи уметници и агенцијата LOLA MullenLowe, лансираше креативно решение кое го поттикнува одржувањето на безбедно растојание на плажа.
Се работи за колекција од специјално дизајнирани пешкири за плажа со должина и ширина од 3 метри, на кои комотно може да уживаат две индивидуи, а притоа да биде запазена минималното безбедно растојание од 2 метри.
Колекцијата ја комбинира практичноста на пешкирот за плажа (што може да се користи и како ќебе за пикник) со модерниот дизајн на уметниците Керан Синг, Дејвид Ванадија и Квентин Монге, инспирирани од иконичната силуета на сладолетите на Magnum.
Колекцијата е дел од актуелната кампања на брендот насловена #TrueToPleasure („Верни на задоволството“).