По повод 10 годишнината на Рамстор во трговскиот следат голем број на изненадувања, кампањи и игри до крајот на годината. Во текот на месец Ноември, во линија со роденденот на трговскиот, сите викенди ќе бидат ,,Среќни шопинг викенди,,.Имено, во сите продавници на определени брендови, предвидени се специјални викенд цени и попусти. Покрај ценовните попусти, во трговскиот е предвидена музичка агенда, игри и многу други изненадувања.
Посетителите во текот на месец Ноември ќе имаат можност да сведочат на низа уникатни и оригинални проекти: изложбата на торти, колачи и чоколадни задоволства, изложбата на чаеви, кафиња и топли напитоци, добра музика, а ќе можат да направат и откачени роденденски фотографии во фото корнерот и да добијат подароци.
Рамстор Мол ја посветува јубилејната 10 годишнина на своите купувачи, посетители и закупци и во месеците кои следат ќе биде вистински центар за забава, пазарувања, вкусови и пријателства.