Фотографот снима во темнина и создава импресивни дела со игра на светлината
Фолксваген за новата кампања за својот модел соработуваше со фотографот Пит Екерт, кој се опишува себеси како “визуелна личност”, која “едноставно не гледа.” Резултатот е импресивна серија од 10 фотографии кои го доловуваат авангардниот дизајн на нивниот нов модел Аrteon.
Како и сите свои субјекти, Екерт го фотографира Volkswagen Аrteon откако ги истражил неговите својства и се здобил со сетилен впечаток за автомобилот, користејќи ги своите други сетила. Фотографот снимал во целосен мрак, со користење на аналогна камара и игра на светлината со цел, со помош на методот на долга експозиција да ги создаде своите познати “слики на светлината”.
Фолксваген за кампањата соработуваше со германската креативна агенција Grabarz & Partner, а покрај фотографиите на Екерт, кампањата исто така, вклучува и филм со сетови кој го објаснува необичниот метод на уметникот.
https://www.youtube.com/watch?v=bNI6bcQ9qyw