Сите огласувачки агенции кои се членки на Словенечката огласувачка комора, беа поканети да дадат сопствени предлози за новиот визуелен идентитет на Комората. Најдоброто решение го понуди агенцијата Futura DDB, чие дело беше и претходниот визуелен идентитет на организацијата.
Словенечката огасувачка комора (SOZ) се грижи за зајакнување на важноста на пазарните комуникации, нивната улога во управувањето со брендовите и нивните долгорочни придобивки и ефикасност во Словенија. Воедно, целото време го посветува на развојот на професијата, на воведувањето високи комуникациски стандарди, ги едуцира членовите и се грижи за етиката во огласувањето.
Комората сака да биде првиот соговорник во поттикнувањето на креативноста и ефикасноста во сите аспекти на пазарните комуникации, давајќи им приоритет на новите знаења, вмрежувањето и застапувањето на членството, како и да стане првиот соговорник на државата кога е во прашање огласувањето. Бордот на директори во минатиот мандат се фокусираше на поставувањето стратешки насоки за акција, преку истражувања и длабински интервјуа, дефинирање на моменталната позиција, одредување на визијата и мисијата, дефинирање на идентитетот на сопствниот бренд на Комората, одредување на архетипот на „Креативецот“, вредностите на брендот и тонот на комуникација.
Следниот планиран чекор беше редизајн на визуелниот идентитет. Сите огласувачки агенции кои се членки на Комората беа поканети дадата свои предлози. Од оние кои ја изразија својата намера беа избрани агенцијата Shift, Formitas, Publicis Groupe и Futura DDB, која беше потпишана под постоечкиот визуелен идентитет. Десетчлената комисија беше убедена од Futura DDB, која со своите решенија го надгради постојниот идентитет. Визуелно, таа дизајнираше три здруженија и активности кои се фокусираат на три столба.
Под идејното решение е потпишаш креативниот директор Жаре Керин, кој го подготви новиот визуелен идентитет со креативниот тим: Тина Брезовник, Весна Жнидаршиќ, Матјаж Ханжек, Драго Млакар и Тина Крижај. Проектот го водеа: Драгана Јосиповиќ, Грегор Чич и Аленка Пулец.
„Имајќи ја предвид новата визија со фокус на активностите на Комората на три столба: едукација, фестивали и награди и саморегулација, заедно со Управниот одбор, ги редефиниравме вредностите што ќе ги застапуваме. Следен, сосема природен чекор беше обнова на идентитетот на Комората. Комисијата имаше напорна задача, но на крајот едногласно беше избрана Futura DDB, која со своите решенија го надгради и освежи постоечкиот идентитет. Визуелно ги дизајнираше нашите три здруженија и со посебен идентитет покажа дека Комората е подготвена за нови предизвици“ – истакнува Мојца Бришчик, извршна директорка на Словенечката огласувачка комора.
Што велат од Futura DDB за новиот визуелен идентитет:
Инспирацијата за обновениот визуелен идентитет на Словенечката огласувачка комора беше, пред сè, времето во кое ќе живее визуелниот идентитет. Стариот идентитет сè уште одговара со дизајнот, но во дигиталната средина се покажуваат неговите слабости. Нашата цел беше да создадеме идентитет кој истовремено ќе ги застапува сите три еднакви делови на Комората: огласувачи, агенции и медиуми. Ова беше нашиот водич при креирањето на архитектурата на визуелниот идентитет. Нам ни е многу важно визуелниот идентитет да функционира добро во дигиталните медиуми, вклучително и на социјалните мрежи. Бевме многу внимателни за соживот на брендот на Словенечката огласувачка комора со неговите производи кои веќе имаат препознатлив и цврст идентитет (SOF, Golden Drum, Effie).
Создадовме многу динамичен идентитет кој овозможува многу ликовна игра со буквите, боите, фотографиите и илустрациите. Самите букви, кои го формираат знакот SOZ, се истовремено полиња за комуникација на содржини. Со својата карактеристична форма тие вдахнуваат свеж комуникациски тон во содржината. Боите се моќни и живописни. Тие обезбедуваат забележливост, посебност, а инспиративната боја на кодот обезбедува складност. При изборот на типографијата, се обидовме да избегнеме трендовски влијанија. Едноставноста и јасноста на типографијата се гаранција за долговечноста на идентитетот. А тоа што графичките елементи, кои го следат идентитетот и го дополнуваат, можат постојано да се менуваат е гаранција дека идентитетот ќе живее долго и ќе биде актуелен.
Моментално сме во фаза на имплементација на новиот идентитет на сите канали за комуникација со клиентот. Тоа е клучниот момент кога идентитетот оживува. Покрај изработениот прирачник кој ги дефинира сите стандарди и правила за користење на елементите на графичкиот идентитет и во принцип му овозможува на клиентот да ја спроведе оваа фаза со свои ресурси, ние сме вклучени и во тој дел од проектот, осигурувајќи дека концептуалниот проект ќе оживее на вистински начин во реалниот живот и дека оптимално ќе се искористи динамичната природа на идентитетот.