Словенечката огласувачка комора во која членуваат 135 големи, средни и мали огласувачи, огласувачки агенции и медиуми, организирани во три интересни групи: Словенечко здружение на огласувачите, Словенечко здружение на огласувачките агенции и Словенечкото здружение на медиуми – испрати официјален допис до премиерот на Словенија, Јанез Јанша и словенечката влада.
Во писмото тие најпрво ја потенцираат важната улога која комуникациската индустрија ја има за целокупната словенечка економија, а потоа искажуваат повик за воведување на итни мерки за спасување на словенечката економија и компании погодени од кризната ситуација предизвикана од Корона вирусот.
“При усвојувањето на строгите мерки за спречување на коронавирусот, меѓу останатите се најде и мерката за забрана на бројни дејности кои не се неопходни за снабдувањето на луѓето. Последиците се од тоа видливи и за нашата индустрија. Опадната е побарувачката за определени производи и услуги па тоа резултира со пад на огласувањето, нешто што го осеќаме сите ние кои сме дел од Словенечката огласувачка комора” – се вели во писмото.
“Многу самозапослени и микро и мали компании нема да ја преживеат оваа ситуација без драстични мери на помош од страна на владата и сите надлежни институции“
Стопанството мора да осигура доволни извори на финансирање што ќе овозможат раст после завршувањето на кризата.
Писмото продолжува со потенцирање на тоа дека интервентните мерки во однос на придонесите и платите се ефикасни само на краток рок и не се никако доволни, па потребни се нови мерки во најбрз можен рок.
Словенечката огласувачка комора ја повикува Владата да се погрижи за вработените и за компаниите и да овозможи мерки за зачувување на работните места со субвенционирање на барем 50% од основната плата на вработените, односно субвенционирање до висината на минималната плата во стопанството.
“Намалувањето на финансиските средства за бројните наши членови – медиуми, огласувачи и агенции, значи отпуштање, па можеби и престанување со работа во дејноста, што би имало несогледливи последици за развојот на индустријата и демократскиот ред во словенечкото општество. Општо е познато дека деловното комуницирање на претпријатијата и нивните брендови, како со потрошувачите, така и со компаниите, е неодвоив и исклучително важен дел од настапот на претпријатијата на пазарот – кој одлучувачки влијае на деловниот успех!“
Посебно важен дел од писмото е посветен на ситуацијата со медиумите
“При тоа не смее да се занемари фактот дека приходите од огласување се исклучително важен извор на финансирање за медиумите, многу од нив и пред кризата беа во незавидна позиција и падот од огласување дополнително ги загрозува. Веруваме дека во актуелната ситуација, несметаното делување на медиумите, кредибилното, етичко и чесно известување е од исклучително значење при обезбедувањето на успешност за донесените мерки. Само добро информираниот граѓанин ќе ги разбере и прифати мерките и доследо ќе ги почитува!“
На крајот од писмото, Словенечката огласувачка комора искажува спремност да помогне во насока на обезбедување стабилност на компаниите и зачувување на работните места.
Целото писмо на словенечки јазик можете да го прочитате на ОВОЈ ЛИНК.