Водечката словенечка агенција Пристоп, го комплетира процесот на консолидација на сопственичката структура, денеска објави MarketingMagazin.eu.
Холдинг компанијата Imo Invest, чии сопственици се актуелни менаџери во агенцијата, се стекна со вкупно 42% во Пристоп, кои досега ги поседуваше луксембуршката компанија Marbo. Сопственици на Marbo се поранешните сопственици и клучни менаџери на Пристоп, меѓу кои и Франци Заврл и Андреј Драпал.
Сопственици на Imo Invest, новиот мнозински акционер се : Примож Пусар (79 проценти), Ула Спиндлер (8 проеценти), Сашо Димитриевски (8 проценти) и Аљоша Багола (5 проценти) сите во моментов на водечки менаџерски позиции во агенцијата.
Со новата консолидација, сопственичката структура на Пристоп во моментов изгледа вака: Imo Invest (42 проценти), сопствени акции (33 проценти), Разапет (8 проценти), Андреј Драпал (8 проценти) и Франц Заврл (8 проценти).