На Европа и е потребна сопствена стриминг платформа како Нетфликс, смета словенечкото претседателство на ЕУ.
Словенечкото претседателство со ЕУ предложи европските престолнини и Европската комисија да размислат за воспоставување европска интернет платформа за филмови.
Во документот од 1 октомври директно не се споменува Netflix или која било друга странска стриминг платформа но, сугерира дека земјите -членки на ЕУ и Комисијата треба „да размислат за европски дигитален и технолошки суверенитет“ и да го поттикнат воспоставувањето европска стриминг платформа со европска содржина „за што повеќе европски граѓани“.
Американските Netflix и Amazon Prime се најголемите стриминг платформи во Европа со повеќе од 80 милиони претплатници. На третото место е Disney+ со 10 милиони европски претплатници.
Европските радиодифузери се ограничени со територијални правила кои ја ограничуваат дистрибуцијата на содржина, додека странските платформи емитуваат низ целата Унија.
Словенија смета дека земјите -членки на ЕУ и Комисијата треба да сторат повеќе за да ја зачуваат културната разновидност на содржини достапни за Европејците и да промовираат локални содржини.
Земјите -членки ќе разговараат за овој предлог на состанок.