Барбара Модиќ, претседателката на 23-тиот Словенски огласувачки фестивал во соопштението кое го добивме денеска љубезно ги поканува сите маркетинг професионалци од Македонија да повелат на фестивалот во Порторож кој ќе се оддржи од 26 до 28 март
“ Во огласувачкиот бизнис не само во Словенија, туку и секаде низ светот, се среќаваме со различни предизивици кои во овој момент можеби нема судбински да влијаат на развојот на професијата – но можат многу да влијаат на правецот на кој таа ќе се развива во иднина. Новите трендови се развиваат со голема брзина во размери кои секојдневно не тераат да се запрашаме дали сеуште ги следиме основните вредности, тоа се размери во кои ниту гигантите не се веќе безбедни – бидејќи новајлиите кои се поспособни можат да ги престигнат многу брзо. Во таквите размери,кои, секако, континуирано создаваат и нови односи, не постои единствен рецепт за успех ниту рецепт исклучиво за преживување. За сето ова ќе зборуваме на овогодинешниот фестивал, на кој љубезно ги канам и стручњаците од Македонија “
Словенската огласувачка комора, која е организатор на Фестивалот, има подготвено специјална понуда за сите учесници од регионот. За повеќе информации можете да се обратите на sof@soz.si или на телефонот +386 1 439 60 50.
Како што и претходно најавивме во текот на трите фестивалски денови, делегатите ќе имаат прилика да слушнат предавачи од целиот свет, како Kentaro Kimura и Geoffrey Hantson.
Kentaro Kimura е извршен креативен директор и ко-основач на компанијата Hakuhodo Kettle од Токио, која има освоено 13 лавови на минатогодишниот Кански фестивал.
Во Кан, Kentaro Kimura ја освои публиката со своето предавање под наслов “1+1=3: Формула за креативни алхемичари “.
Geoffrey Hantson е извршен креативен директор во компанијата Duval Guillaume Modem со седиште во Антверпен (Белгија) од 2006 година. Од таа година, агенцијата има добиено бројни Гранд При награди, златни и сребрени признанија на сите големи светски фестивали (Cannes, Eurobest, Clio, One Show…). Во изминативе две години, оваа агенција успеа да освои 25 кански лавови, од кои 11 златни, а прогласени се и за агенција на годината во категоријата медиуми.
Освен овие два светски познати професионалци, учесниците на фестивалот ќе имаат прилика да го слушнат и Claudia Navarro, менаџер за маркетинг и комуникации за Централна и Јужна Европа во компанијата Coca-Cola, којa меѓу останатото, e задолженa и за градење на маркетинг стратегија за сите клучни брендови на компанијата во 23 земји од регионот.
На учесниците на 23 по ред СОФ, ќе им се претстави и dr. Ian Sutherland, заменик декан за истражување и шеф на докторските студии на IEDC – Бледска школа за менаџмент, чија работа е насочена на управување креативни и стратешки процеси и развој на креативноста, заснован на лидерство, но и dr. Christophera Engla, генерален директор на компанијата Brand: Trust и професионалец за брендирање и маркетинг на туристичките агенции, чиј проект “Südtirol umbrella brand” е препознат како пример за одлична пракса во светот. На овогодишниот СОФ, предавање ќе одржи и Lazar Džamić, директор за стратешко планирање во компанијата Kitcatt Nohr Digitas, кој е еден од најискусните дигитални стратези во Велика Британија.