Платформата за стриминг Spotify ја лансираше својата прва телевизиска кампања за францускиот пазар, под наслов: “Écouter, ça change tout” („Слушај, тоа менува сè“).
Со овој филм, стриминг-платформата ја промовира важноста на слушањето, без разлика дали се работи за музика или слушање на другите и на сето она што нé опкружува. За таа цел, брендот создаде филм кој ја слави поврзувачката моќ на музиката.
Во спотот гледаме наставник кој внимателно слуша и се инспирира од животот на своите ученици, од она за што тие се страстни и што ги исполнува нивните денови, и тоа сé со цел да создаде поврзаност со нив, да ја разбере нивната култура и со тоа подобро да ги заинтересира за образованието.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Marcel Paris и продукциското студио Iconoclast.