Голем број на брендови се приклучија на трендот за амбиентални звуци кои предизвикуваат благ наплив на еуфорија врз чувствата, но Coca-Cola оди еден чекор понатаму, „трансформирајќи“ звук во принт реклами.
Појдовна идеја во новата кампања на Coca-Cola за европскиот пазар, дело на агенцијата David Miami, е дека и самата слика на чаша газирана Coca-Cola со меурчиња може да ја предизвика чувствителноста на потрошувачите – само што ќе ги погледнат рекламите, тие истовремено и ќе ги „слушнат“.
Кампањата вклучува неколку варијанти на фотографии одблиску – на чаша полна со Coca-Cola, моментот на отворање на стаклено шише и лименка со пијалокот. Притоа, стои и реченицата „Try not to hear this“ („Обидете се да не го слушнете ова“).
Рекламите ќе бидат пласирани на повеќе централноевропски и источноевропски пазари, на билборди, во списанија и весници.
„Со оваа кампања сакаме да ја активираме чувствената меморија на нашите потрошувачи, предизвикувајќи ги за прв пат да слушнат слика, довршувајќи ја рекламата во нивните глави“, истакнува Камила Занарија, Content Lead на Coca-Cola за Централна и Источна Европа.