Последните неколку недели на македонските радио станици, но и на социјалните медиуми постојано се врти новиот хит „Не сум твој тип“.
Триото кое стои позади овој хит се млади и кул, креативни и забавни и имаат огромна љубов кон музиката – Мартина, Борис и Илчо или познати под името Дупер (Duper).
На возраст од 21-22 години тие го следат својот музички сон, а со својата песна на YouTube за само 1 месец имаат повеќе од 180.000 прегледи.
Колкава е нивната љубов кон музиката, но и креативноста покажува нивното ново видео и изведба на песната „Не сум твој тип“ отсвирена на три iPhone X. Дупер дефинитивно сакаат предизвици и имаат храбост да ги истражат новите форми на музика.
Ако и вие сте на возраст од 18 до 26 години и сте подготвени за предизвици и многу забава, регистрирајте се и бидете дел од Vip Spirit Club со што автоматски учествувате во извлекување за 3 подароци– iPhone X. Добитните кодови ќе бидат објавени на 15 септември, на Facebook страницата на Вип.
Повеќе информации за Vip Spirit Club можете да добиете на www.vip.mk/spirit.