За трговците на мало во САД, најважните екрани во моментов се малите. На смартфоните се паѓаат 45,1% од интернет сообраќајот за шопинг во земјата во првиот квартал на годината, и се наоѓаат пред компјутерите (45%), покажува истражувањето на снабдувачот на софтвер за електронска трговија, Demandware.
Компанијата, која беше купена од Salesforce.com овој месец, прогнозира дека уделот ќе продолжи да расте, а до крајот на следната телефоните ќе формираат околу 60% од сообраќајот, пишува Bloomberg.
Иако зголемувањето на шопингот преку смартфони им дава на трговците можност да стигнат до клиентите во секое време и на секое место, самите трговци тешко успеваат да го извлечат максимумот од своите мобилни платформи. Меѓу пречките се рангираат сложените процедури за плаќање кои ги тераат корисниците да не ги довршуваат нарачките.
Продажбата надвор од физичките продавници стануваа се поважна за сите видови на трговци. Е-трговијата донела 92,8 милијарди долари приходи во првиот квартал на 2016 година, или 7,8% од вкупната продажба на мало според Американското биро за статистика.
Популарноста на мобилниот шопинг станува се поголема, а овој тренд ги затече многу од трговците неподготвени. Продажбите во мобилни телефони се зголемија повеќе од двојно помеѓу 2013 и 2015 година според ComScore. Demandware прогнозира дека до крајот на следната година купувачи ќе прават многу повеќе нарачки во своите телефони, отколку во било кој друг уред.
Технологии како Apple Pay, Android Pay и PayPal им нудат на трговците решенија на нивните проблеми.
Поголемите трговци го земаат развојот на мобилниот шопинг во сопствени раце, создавајќи свои програми. Апликациите од компании како Target, Wal-Mart Stores и Kohl’s се радуваат на големо зголемување на сообраќајот во јуни 2015 година во однос на една година претходно, посочува ComScore.
Продавачите можат да очекуваат онлајн шопингот да се случува „само во мобилниот простор“, тврди Рик Кени, автор на студијата на Demandware. EМarketer очекува дека до 2019 година, 71% од американските потрошувачи ќе имаат смартфон, во споредба со сегашните 59%, а Demandware покажува дека до четвртиот квартал на 2018 година, телефоните ќе ги стигнат компјутерите како фаворит уред за онлајн нарачки со околу 13% .