Пред нецели два месеци имавме прилика во соседна Србија да ја вкусиме водата која носи толку “модерно“ име….а сега слушаме дека и хрватите веќе почнале да уживаат во “паметната вода“ која има специјална приказна.
Благодарение на Филип (фала Филип! :)) научивме дека Smartwater е првата вода на светот која најпрво се претвора во пареа, а при кондензацијата и се додаваат минерални соли, магнезиум, калиум и калциум кои ја обогатуваат со чист и свеж вкус.
Новиот производ на Coca Cola претставува премиум вода и практично се создава со повторување на природниот процес на создавање и кружење на водата во природата. Таа е наменета за сите луѓе кои водат динамичен живот и се отворени за нови работи.
Во САД и Велика Британија, Smartwater се позиционираше како број еден премиум бренд, србите велат дека е феноменална а хрватите не спорат дека нивниот пазар е збогатен и со уште еден уникатен производ. Македонија со нетпрение чека да вкуси и да се произнесе :)
Едноставно прекрасна. Прекрасно едноставна.