Брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова кампања на британскиот пазар насловена „Fancy a McDonald’s?“, при што првата реклама на кампањата претставува видео во кое луѓето една минута само се смеат.
Рекламата соодветно насловена “Laughter” прикажува различни луѓе во различни ситуации кои се смеат и потсмеваат додека уживаат во оброк од McDonald’s заедно со нивните пријатели и други блиски луѓе.
„Нашата нова бренд платформа ја повикува нацијата да се ослободи од секојдневните притисоци и очекувања од животот и да ужива во малите, но радосни моменти на ослободување. Улогата на McDonald’s во општеството е да им овозможиме на нашите потрошувачи едноставно да уживаат – нешто што никогаш не било порелевантно и поважно“, истакнува Сивен Ховел, директор за маркетинг и медиуми во McDonald’s, по повод новата кампања.
Покрај телевизиското емитување на спотови, кампањата ќе вклучува и активности на социјалните медиуми, на радио и out-of-home инсталации.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett London и продукциската куќа Academy Films, додека пак медискиот закуп е задача на OMD.