Жал ни е фанови на минатогодишната кампања “Weiner Stampede”, но оваа година креаторите на минатогодишната впечатлива реклама за Super Bowl за Heinz Ketchup – ќе седат на ‘’клупа’’…. Сепак, активностите на Heinz оваа година нема комплетно да бидат исклучени од учевство на Super Bowl викендот….
Брендот лансира нова кампања со која предлага понеделникот по Super Bowl-от кога секој од неговите гледачи ќе се чувствува напнато па дури и ќе пријави и свое отсуство од работа поради долгата ноќ со славење— да биде деклариран како национален празник!
Heinz за оваа кампања отпочна петиција за да го направи понеделник ден за одмарање и празник како недела, а новиот празник да се вика “Smunday” (Sunday + Monday).
Комичното видео погледнете го на следникт линк:
https://www.youtube.com/watch?v=br5cPUC_BsU&feature=youtu.be
Ова не е прв пат еден голем бренд да го предложи следното. Coke Zero го направи истото во 2012 година.
“Инспирацијата зад оваа кампања доаѓа по желбата која произлезе од самите фанови на овој настан веќе со години наназад“, објаснува Nicole Kulwicki, челник на Heinz и додава: “Тука во Heinz, никогаш не се помируваме со нешта кога станува збор за вкусот или пак кавлитетот на додатоците во храната и никогаш не се помируваме кога станува збор за ден по еден од најдобрите спортски денови во годината.“
Да, ваков потег за прогласување на национален празник еден ден по Super Bowl настанот е помалку смешно, Kulwicki сеуште стои заедно со својот бренд зад остварување на оваа желба на многумина Американци. Целта на брендот е да се добијат 100,000 потписи на оваа петиција.
Толку потписи ни се потребни за Конгресот да ја сфати нашата петиција сериозно. Начинот на кој и пристапуваме на оваа иницијатива е забавен меѓутоа многу сме сериозни кога станува збор овој ден да биде прогласен за национален празник.
За да се нагласи посветеноста на компанијата за оваа кауза, за сите вработени на Kraft Heinz во Америка, овој 6ти февруари ќе биде празник и неработен ден.
Спотот “Wiener Stampede,” на David Miami, беше спот број 2 на USA Today Ad Meter за 2016 гдина. Но со оглед на самиот успех, Kulwicki кажува дека брендот сакал да има различна насока оваа година. ”Во Heinz секогаш бараме нови начини за да се поврзиме со своите потрошувачи.
Овогодинешната кампања е насочена кон нив затоа што станува збор за ангажман околу кауза за која Американската публика има силни чувства.”
Кампањата е креирана од David Miami, Starcom, PureRED | Ferrara и Alison Brod Marketing + Communications.