Snapchat штотуку јавно ги објави четирите нови опции кои ги додаде на својата апликацијата, со што повторно влегува во трката да стане најпопуларна мрежа во полето на социјалните медиуми каде конкуренцијата за вниманието на потрошувачите и бизнисите станува се поголема.
Со ново- додадените опции, Калифорниската компанија влегува во најтесниот круг на трката со проминентните играчи како Instagram, Facebook, Twitter, Periscope и останатите.
Еве што Snapchat додаде на својата платформа- се надеваме дека со овој чекор ќе успее повеќе да го задржи вашето внимание.
1.Групи
Групен разговор сега е возможен и на Snapchat, кој овозможува група од 16 члена да четуваат заедно, исто така во четот постои и опција да се напушти групата со цел да се комуницира само со едно лице и потоа само со еден клик повторно да се приклучи лицето на групата. Се разбира стикери, битмоџи, горовни забелешки и други ‘’дигитални аксесоари’’ се достапни во овој групен разговор.
2.Дополнување со Shazam
Зависниците од Snapchat сега ќе можат да ја задржат камерата на апликацијата со цел да ја идентификуваат песната која се емитува во нивна непосредна близина.
На кој начин функционира оваа синергија?
Кога барате некоја песна со помош на Shazam, мало прозорче излегува на екранот и ве носи до повеќе информации за песната. Од таму можете да го слушате претходниот клип, да ги погледнете стиховите, да го погледнете видеото на песната на Vevo и да добиете листа на препорачани песни.
3.‘’Ножички’’
Оваа опција им овозможува на корисниците да ’’ исечат’’ дел од порака и да ја претворат во прилагоден стикер кој може да бие зачуван на нивниот налог. Штотуку е лансирана опцијата на iOS уреди и наскоро се очекува да биде достапна и за Android направи.
4.‘’Четка’’
Деталите за оваа опција сеуште се помалку достапни меѓутоа се однесува на редизајнирање на полето за пораки со артистичен приод.
Во меѓувреме битката за најдобрите карактеристики се вжештува за мобилните опции. Експанзијата на опции на Snapchat следи по додавањето на ‘’видео и приказни во живо’’ од страна на конкурентот Instagram . WhatsApp исто така инкорпорира карактеристики на камаерата кои наликуваат на оние на Snapchat, додека пак Facebook го тестира истиот концепт.