Како Вие ја поминавте вечерта изминатиов петок? Snapchat ја помина со промена на своето име во Snap Inc. истовремено претставувајќи ги и своите Spectacles очила за сонце со интегрирана видео камера.
Зошто баш петочно најавување во доцните часови? Видеото со очилата кое беше објавено од Business Insider неверојатно го забрза процесот. Основачот Evan Spiegel ги кажа важните вести на Seth Stevenson од The Wall Street Journal пред компанијата официјално да го сподели тоа на нивниот нов блог. Тимот на Snap направи најава на Spectacles во објава на блогот:
Ние постојано работевме во изминатите неколку години за да ја развиеме тотално нов вид на камера која ја нарековме Spectacles!
Замислете некој од омилените или најзначајни моменти за вас во минатото. Што ако можете да се вратите назад и да го погледнете сето она онака како што сте го доживеале тогаш? Тоа е причината зошто ги создадовме Spectacles.
Spectacles се очила за сонце со интегрирана видео камера која многу лесно креира “Memories“.
Креиравме најмала бежична видео камера во светот, поврзана со Snapchat, која брзо се полни и интегрирана е во очилата кои ги има достапни во 3 различни бои.
Spectacles директно се поврзани со Snapchat преку Bluetooth или Wi-Fi и ги пренесуваат вашите вреирани “Memories“ директно во апликацијата во нашиот нов брендиран видео формат.
Видео се емитува низ целиот екран на било каков уред, во секаква ориентација, доловувајќи ја човечката перспектива во поле со видик од 115 степени перспектива.
https://www.youtube.com/watch?v=J_fG_hH2F30