Snap Inc., компанијата позади социјалната мрежа Snapchat, ја назначи Лејла Вудингтон како директор за бизнис маркетинг за регионот на Европа, Блискиот Исток и Азија.
Се работи за новоформирана позиција чија задача ќе биде да ги предводи сите макетинг активности за огласувачи и агенции ширум Европа, Блискиот Исток и Африка. Седиштето ќе биде во Лондон, а новата директорка ќе одговара пред потпретседателот за глобален бизнис маркетинг на компанијата, Даг Фризби.
Лејла Вудингтон доаѓа во Snap откако помина повеќе од 10 години во Фејсбук, каде се придружи како менаџер за маркетинг комуникации во 2011, а последно ги водеше бизнис маркетинг активностите како директор за регионот на Северна Европа. Претходно, таа работеше и во PayPal шест години како бизнис маркетинг менаџер.
Како дел од својата нова улога, Вудингтон исто така ќе треба да раководи со растечки тим на маркетери на компанијата во Обединетото Кралство, Франција, Германија, Холандија и Дубаи.