Емоциите се во срцето на новата кампања која порачува: “Поважно е како се чувствувате, отколку како изгледате”
Со цел да се приближи до своите фанови, но и да се претстави до разновидната публика и да привлече повеќе од оние кои не припаѓаат во групата на помлади од 25 години, Snap ја започна својата прва ТВ кампања со реклама со наслов “Нов вид на камера”.
Рекламата ја изработи внатрешен тим во компанијата Snap, а нејзината примарна цел е повеќе од информативна природа отколку забавна. Рекламата прикажува луѓе кои фотографираат секојдневни работи и ситуации на кои потоа се додадени филтри и графики од самата апликација, а во последните 10 секунди од рекламата, Snapchat се позиционира како различна од другите социјални платформи, порачувајќи: “Snapchat е камера – кај која е поважно како се чувствувате отколку како изгледате“.
Snapchat, исто така, започнува поширока дигиталнa кампања која вклучува дигитална верзија на оваа реклама, но и веб страница whatis.snapchat.com чија цел е да се едуцираат корисниците за апликацијата. Snapchat во своите маркетинг активности пртходно повеќе се фокусираше на интересни и обично локализиран надворешни реклами, па затоа оваа кампања одбележува еден од првите сериозни напори на компанијата во областа на рекламирањето.
Кампањата доаѓа во критично време за Snapchat, кој моментално се бори да ги исполни очекувањата на инвеститорите, но во исто време издвојува и значајни буџети за сопствено рекламирање.