Snapchat воведе нова опција – Спонзорирани анимирани филтри, со цел да им помогне на брендовите да ја анимираат својат публика.
Новите филтери ќе им овозможат на брендовите да додадат анимација на фотографиите и видозаписите. Исто така, Snapchat дополнително ќе воведе опција за таргетирање на Спонзорираните анимирани филтри. Филтрите ќе можат да таргетираат врз основа на возраста, полот, интересите, времето од денот и други фактори.
Според Forbusiness, повеќето интеракции на Snapchat се случуваат помеѓу блиските пријатели, а 87% од корисниците ги оценуваат блиските пријатели како највлијателен фактор во нивните одлуки за купување (во споредба со 6% за инфлуенсерите и славните личности). Извештајот на компанијата исто така наведува дека на Snapchat дневно се прегледуваат над 3 милијарди “снепови“ со филтери.
Snapchat неодамна отвори одел за развој на материјали за проширена реалност за сите креатори, наречен Lens Studio.