Снежана Лупевска – Созен од пред неколку дена е новиот одговорен уредник на телевизијата Телма, пренесува порталот Либертас.
Досегашната одговорна уредничка Сања Васиќ останува во телевизијата. Васиќ дојде на местото на долгогодишната уредничка Емилија Лазарова.
Лупевска во Телма дојде од телевизијата Канал 5, каде претходно беа емитувани проектите на нејзината продукциска куќа Тринити Плус.
Директор и главен уредник на телевизијата е Атанас Кировски.