Брендот за чоколади Snickers стана препознатлив по децениски-долгата кампања „Ти не си ти кога си гладен“, фокусирајќи се на емоциите на нервоза и гнев предизвикани од гладот и недостигот на шеќер, кои лесно можат да се надминат со консумација на нивното чоколатце.
Но, во својата нова хумористична реклама насловена „Први посетители“, брендот се фокусира на дезориентацијата на луѓето во нивните први социјални интеракции после карантинот предизвикан од пандемијата на Ковид-19.
Имено, рекламата прикажува еден пар кој очекува гости во нивниот дом прв пат после пандемијата. Меѓутоа сопругот се збунил, мислејќи дека се работи за дружење преку Zoom. Очекувано, како и во претходните случаи, Snickers се истакнува како решение за збунетоста.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција BBDO New York и продукциската куќа O Positive.