Snickers додава нова димензија на овогодинешниот комерцијален блок на Super Bowl со својата најава за емитување на спот во живо за време на ‘’големиот натпревар’’.
Snickers веќе изјави дека актерот Adam Driver ќе се појави во нивниот следен Super Bowl спот, кој е креиран од BBDO New York.
Со цел да креира неизвесност околу спотот, брендот објави неколку трејлери за спотот кој се очекува да се емитува за време на првата пауза за реклами во рамките на ¾ од натпреварот.
За време на еден од најголемите телевизиски настани на годината кога потрошувачите па дури и намерно гледаат реклами, компаниите целат кон подобар начин да се истакнат во рамките на краткиот рекламен период.
Snickers не е единствениот бренд кој користи ‘’свежи содржини’’, Hyundai исто така планира да сними 90 секунден рекламен спот за време на натпреварот и да го емитува откако натпреварот ќе заврши.
“Секоја година си поставуваме себе си предизвик да пронајдеме нови начини со кои би го задоволиле гладот за забава на потрошувачите, а за остварување на таа цел не постои подобар начин од тоа да се биде првиот бренд кој ќе има реклама во живо на Super Bowl,” изјави Allison Miazga-Bedrick – бренд директор на Snickers.
Покрај 30 секундниот рекламен спот, Snickers планира да емитува и 36 часовно емитување во живот од почетокот на снимањето на сетот на втори февруари. Во рамките на емитувањето во живо, ќе се појават и славни личности и инфлуенсери чија појава ќе може фановите да ја следат на сајтот Snickerslive.com и на Facebook фан страната на брендот.
“Не постои поголема платформа за добивање на потрошувачкото внимание од Super Bowl-от, кој е најдоминантниот настан во живо на телевизија, а како што демонстрира првиот спот во живо на Super Bowl, иновацијата во рекламирањето доаѓа првенствено од одличните креативни идеи наместо од технологијата’’, изјави Bruce Lefkowitz, Fox Networks Group executive VP, за маркетинг.
Спотот на Snickers со Mr. Driver ќе ја обележи третата по ред реклама за Mars емитувана за време на Super Bowl од вкупно 6 од досегашната пракса.
Во продолжение погледнете една од рекламите на Snickers кои оставија значителен траг во нивната Super Bowl историја: