Во прво од ваков вид партнерство, брендот на чоколади Snickers го ангажираше легендарниот фубалски менаџер Жозе Мурињо за да создаде целосно авторизиран дигитален клон со вештачка интелигенција, подготвен да ги „кара“ фудбалските фанови ширум светот за нивните грешки.
Во овогодишното исполнето фудбалско лето сосем е очекувано дека некои од навивачите ќе направат засрамувачки грешки, гафови и ќе си дадат „автоголови“. Дали ќе „утнат“ авионски лет, или ќе се фотографираат со погрешно знаме – сето тоа ќе биде предмет на подбив и благодушен хумор од нивните пријатели.
Токму за таквите ситуации е создаден дигиталниот клон на Жозе Мурињо, кој благодарение на вештачката интелигенција може да се користи за испраќање на персонализирани пораки кон другарите кои си дале „автогол“.
Кон виртуелниот Мурињо може да се пристапи со помош на мобилен телефон преку следниот ЛИНК. Во партнерство со Мета, тој исто така ќе биде интегриран во апликацијата за допишување WhatsApp.
„Во Марс, ние веруваме во изградба на светови на брендови каде иконичните брендови создаваат извонредни искуства за своите љубители и заедници, повикувајќи ги да се вклучат и да создаваат заедно. Секогаш во центарот на културата, секогаш движејќи се со брзината на технологијата“ – посочува Ѓулен Бенги, генерален директор за раст и генерален маркетинг директор на компанијата Mars Inc. која го поседува брендот Snickers.
Кампањата е создадена во партнерство со агенцијата T&Pm и платформите за вештачка интелигенција Helo (powered by ElevenLabs), Synclabs и Open AI GPT 4.0.