Недостатокот на Сникерс уште еднаш доведува до непријатни ситуации во новата серија реклами
Сникерс објави две нови реклами во САД, во кои главната улога им ја дава на своите нови видови чоколади со бадеми и путер од кикирики, а се дел од добро познатата платформа “Ти не си ти, кога си гладен“.
Во рекламата “Ahmend“, гледаме двајца во автомобил, а еден од нив објаснува колку му се допаѓа сето она што е повзано со бадеми, додека во раката држи чоколадо Сникерс. Сепак, тој постојано погрешно го изговара зборот almonds (бадеми), што неговиот возач неизмерно го иритира. На крајот, возачот повеќе не може да трпи…
https://www.youtube.com/watch?time_continue=26&v=DmFntGDCCJY
Во рекламата „Confession“, која го промовира чоколадото со путер од кикиритки, еден човек ги исповеда своите прилично чудни гревови, но наскоро сфаќаме дека тој всушност не е во исповедалница.
https://www.youtube.com/watch?v=M6uUraIPQWM
Двата спота ги изработи агенцијата BBDO Њујорк, а се прикажуваат на онлајн каналите, со тоа што рекламата “Ahmend” ќе се прикажува и на телевизиските екрани од 19-ти март.