Пред некое време, легендарните рапери Др. Дре и Снуп Дог лансираа премиум бренд на џин наречен „Still G.I.N.“, а сега ја објавија и првата видео реклама за брендот во која се комбинираат играни сцени со ликови генерирани со вештачка интелигенција.
Дејството се случува во луксузен коктел бар со гламурозен ретро амбиент, каде елегантно облечените Снуп Дог и Др. Дре имаат впечатлив влез што го привлекува вниманието на присутните. Во истиот бар, застанати покрај шанкот, се музичките легенди Френк Синатра и Семи Дејвис Џр., чиј што ликови се генерирани со помош на вештачка интелигенција.
Зебележувајќи је реакцијата на присутните кон влегувањето на двајцата рапери, Синатра и Дејвис посакуваат да се сретнат со нив и да ги почестат една пијачка. Изборот е секако „Still G.I.N.“, кој што Синатра го нарачува за целиот бар – на големо воодушевувње на сите гости. Во сцената се појавува и актерката и модел Лори Харви, засилувајќи ја привлечноста на ѕвездената кампања.
Спотот завршува со сцена во која четворицата музичари, заедно седнати на сепаре, наздравуваат за „Добриот живот“.
Рекламата е продуцирана во партнерство со агенцијата Rosewood Creative, а во режија на познатиот Дејв Мејерс.
Ликовите на Синатра и Дејвис биле генерирани со помош на технологијата на Metaphysic, во партнерство со фондациите на покојните музички ѕвезди со цел нивно достоинствено и прецизно прикажување.