На дванаесеттото издание на Викенд Медиа фестивал учествуваа повеќе од 5.000 учесници, вклучувајќи повеќе од 550 новинари и 350 студенти
Викенд Медиа Фестивал се погрижи последниот ден на фестивалот да биде достојно обележан, така што во духот на осумдесеттите години, завршен концерт одржаа апсолутните владетели на Новиот бран – групата Електрични оргазам. Со фантастичниот настап на оваа рок група, која се приближува до својата 40-годишнина, заврши 12-то издание на Викенд Медиа Фестивал
„Со легендите на групата Лет 3, ја започнавме овогодишната приказна околу Викенд, а ја завршивме со феноменалниот настап на Електрични оргазам. Среќни сме што и овој пат обезбедивме незаборавно искуство за сите учесници во комуникациската индустрија во регионот“, изјави Томо Рицов, директор на Викенд Медиа Фестивал.
Дванаесеттиот Викенд Медиа Фестивал во текот на три дена во Ровињ, собра повеќе од 5.000 учесници, вклучувајќи повеќе од 550 новинари и 350 студенти. Во пет сали, посетителите имаа можност да учествуваат на повеќе од 50 предавања, панели, презентации и работилници кои ги одржаа повеќе од 150 интересни говорници од целиот регион и во светот.