Македонски Телеком ја збогати постојната Magenta 1 Business понуда со којашто на компаниите им се овозможува флексибилност во изборот на услугите, подобра комуникација и екстра можности за поефикасно работење. Magenta 1 Business пакетот содржи сè што е потребно за бизнисот на едно место и во една сметка. Оваа понуда на компаниите им нуди неограничени разговори во фиксните и мобилните мрежи, супер брз интернет за во канцеларијa и во движење, како и бесплатни Cloud услуги за паметно работење.
Дополнително, почнувајќи од денеска па сè до 22 ноември, сите корисници кои за првпат ќе склучат Magenta 1 Business договор на 2 години, промотивно добиваат: двојно повеќе мобилен интернет, можност за користење на мобилниот интернет преку втор уред (таблет или лаптоп) без надомест, простор за чување податоци на Виртуелен диск до 150 GB, како и можност за избор на пакет од два уреда (Huawei или Samsung) по супер цена.
Корисниците кои што ќе одберат Magenta 1 Business пакет добиваат и 20 отсто попуст на месечната претплата, а дополнително можат да ја одберат и најдобрата интерактивна телевизија MaxTV по поволна цена.
Повеќе информации за Magenta 1 Business пакетот може да се добијат на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.