Европскиот парламент лансираше кампања со која ќе се обиде да ги мотивира граѓаните на Европската Унија да излезат и да гласаат за своите демократски претставници, со пораката: „Искористете го вашиот глас. Или другите ќе одлучат наместо вас.“
Кампања треба да помогне во мобилизирањето на 400 милиони гласачи ширум Европа на претстојните европски избори помеѓу 6. и 9. јуни 2024 година. Тоа е најголемиот демократски маневар во Европа – и втор по големина во светот.
Идејата позади централниот спот на кампањата е да се нагласи врската меѓу генерациите и нациите и претставува емотивен портрет на европската демократија и важноста на гласањето – не само за самите нас, туку и еден за друг.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција &Co./NoA и продукциската компанија Kind Film Production – и двете од Данска.