Ивица Скочиќ е нов директор на креативната агенција McCann Zagreb, по 20 години работа во Coca-Cola HBC Adria. Во текот на неговата кариера, Скочиќ демонстрираше вештини и експертиза во маркетингот и продажбата, докажувајќи дека преку пазарна синергија, маркетингот е клучна состојка за ефективна продажба и поддршка на клиентите. Скочиќ има искуство со водење на големи тимови, развој на луѓе и имплементација на различни проекти за развој на бизнисот. Познат по трансформирањето на можностите во приходи од продажба и зајакнување на препознатливоста на брендот, како и по неговата ориентација кон развој на таленти, Скочиќ има поинаква визија за McCann Zagreb.
„Многу сум возбуден поради овој предизвикувачки чекор во мојата кариера и сигурен сум дека заедно ќе обликуваме перспективна и успешна иднина за McCann Zagreb. Мојата желба е да создадам мотивиран, зајакнат и агилен тим од експерти кои се водени од резултатите и подготвени да понудат решенија за секој проблем и можност. Нашата амбиција и заедничка цел е McCann Zagreb да биде прв избор за нашите клиенти и партнери во растот“ – најави Ивица Скочиќ, новиот директор на McCann Zagreb.
„Горди сме што можеме да му посакаме добредојде на Ивица на чело на нашата агенција McCann Zagreb. Убедени сме дека неговото искуство и ентузијазам дополнително ќе ја поттикнат и зајакнат нашата позиција во Хрватска, како и нашата претставничка мрежа во регионот на Југоисточна Европа“ – изјави Јан В’лчек, директор за инвестиции на Across Media Holding.
McCann Zagreb е дел од глобалната мрежа на агенции McCann Worldwide, која работи во повеќе од 100 земји, и делува како дел од Adriatic Advertising, во сопственост на словачката Across Media Holding. McCann успешно работи во Хрватска веќе 34 години и има добиено бројни награди и признанија за својата работа. Агенцијата е специјализирана за обезбедување креативни и стратешки решенија, поместувајќи ги границите на хрватското и регионалното огласување.