Еден од најголемите светски спортски настани, Светското фудбалско првенство кое минатата година се одржа во Русија,зад себе остави многу голови, добри натпревари, но и многу пластика.
Секако дека голем дел од пластичните чаши за пиво украсени со уникатни дизајни на Budweiser, како официјален спонзор на првенството, над 3,2 милиони кои беа дадени за време на Светското првенство, беа однесени дома како сувенири. Сепак, многу повеќе се рециклираа на стадионите, а Budweiser, со помош од локалниот организациски комитет на Светскиот куп, зеде 50.000 од овие рециклирани чаши и создаде пластичен фудбалски терен.
Иако теренот е малку помал од регулативата ( 65 метри со 42 метри), ова е показател за пошироката одржливост на компанијата, a направен e покрај стадионот во Сочи каде што се играа натпреварите од мундијалот.
Со изградбата на овај терен, организаторите имаат за цел да го подигнат нивото на свест кај жителите за одговорно да се однесуваат кон пластиката, но и кон другиот отпад.
“Светското првенство е зад нас. Во текот на првенството, компанијата Budweiser се трудеше навивачите во фан зоната да го добијат она што го посакуваат. Но ниту по завршувањето на првенството не запревме, па се одлучивме на ваква акција“, изјави маркетинг директорот на компанијата Budweiser, Константин Тамиров.