Една интересна вест деновиве го обиколи целиот свет, а се однесува на новата програма на компанијата Stripe која од многумина беше оценета како “game changer” и нешто што ќе даде огромен boost на олеснето глобално работење на многу компании и претприемачи стационирани надвор од САД и првенствено, огромен boost на сите стартапи кои се трудат да најдат глобален финансиски партнер и инвеститор за својата глобална експанзија !
Stripe Atlas е нова програма на компанијата Stripe која сака да го поедностави не само отворањето на компанија во САД, туку и на банкарска сметка, како и да овозможи бесплатно советување за американскиот правен и даночен систем од странство и покрај тоа да обезбеди промотивни услуги во вредност од 15.000 долари во Amazon Web Services , пренесува порталот Netokracija, на кој имаше одлична статија која ги објаснува сите важни детали на оваа новост:
Зошто воопшто да се отвори компанија во САД?
Многу странски инвеститори ќе инсистираат на тоа да вложуваат само во американска компанија чиј правен систем го разбираат. Наплатата од клиентите и користењето на разни услуги исто така би можеле да ви бидат корисни, а ниту помалите давачки, земајќи ја во обзир специфичната американска држава Delaware нема да ви бидат на одмет.
Да не зборуваме за тоа дека на повеќето глобални корисници на вашите услуги или производи, сепак полесно им е е плаќањето во американска, отколку во македонска компанија. Да се има .Inc, дури и кога е само “виртуелен“ – има смисла.
Еден од најголемите предизвици не само во Македонија, туку и во другите европски земји, е давањето на удел на вработените во фирмата. Законите во Америка, поради долгата историја на технолошките компании во Силиконската долина, и тоа како, се повеќе прилагодени на овај модел на работење.
Stripe Atlas ви нуди: Компанија, банкарска сметка, советување…
Stripe Atlas е пакет кој нуди нешто што и сами можете да го направите, но максимално поедноставено со цел што помалку на тоа да потрошите време и нерви. Во својот пакет Atlas вклучува:
- Отворање компанија во САД (сојузната држава Delaware каде што е седиштето на преку 60 % Fortune 500 компании) и осигурување на даночен индетификационен број
- Отварање на банкарска сметка во Sillicon Valley Bank.
- Создавање на Stripe профил со кој можете да ги наплатувате своите услуги и производи по нивните стандардни цени.Системот на Stripe за наплата користи Twitter, Kickstarter, Lyft, Pinterest, Shopify и многу други.
- Бесплатно основно советување за американскиот правен и даночен систем
- Пристап до 15 илјади долари вредни услуги и алатки во склоп на Amazon Web Services.
Откако ќе ве примат во Stripe Atlas, нивниот тим од вас ќе ги побара клучните информации (како на пример име на компанијата), а потоа ќе ја припреми целата потребна документација, ќе ви отвори банкарска сметка и ќе припреми се останато вклучено во пакетот. Се што потоа треба да направите е да потпишете електронски документи, како за период од недела дена, се` би се завршило и вашата компанија во САД е спремна за работење.
Сите додатни информации можете да ги пронајдете во делот на често поставувани прашања на страната на Stripe Atlas, и пред да прашате: Не, не морате да бидете државјанин на Америка за да основате компанија во САД.
Како да се пријавите за Stripe Atlas – и колку ќе ве чини тоа?
Како ко-основач и директор на Stripe, Patrick Collison, најави дека иако Stripe Atlas во иднина ќе биде достапен за сите претприемачи, процесот моментално е ограничен во бета и морате да побарате пристап.
За да добиете пристап, постојат два начини:
- Првиот начин е да се пријавите на службената веб страница на Stripe Atlas.
- Вториот начин е да добиете препорака од еден од 60 акцелератори и фондови ширум светот, па така и во Европа. Некои од вклучените партнери се ZIP од Хрватска, ABC Akcelerator од Словенија, Eleven од Бугарија и Seedstars, Wayra, Y Combinator и Startupbootcamp како глобални “препорачувачи”.
Atlas во текот на бета е бесплатен за првите 100 корисници, а потоа ќе ве чини 500 долари за сите трошоци, кои и онака ќе ги имате во текот на отварањето на фирмата, сметките итн. Што се однесува за дополнителните трошоци, корисниците на Atlas за користење на наплатата на Stripe, ќе платат стандардни 2,9 %+ 30 центи по трансакција, додека Silicon Valley Bank нема да ви наплати ништо за вашата банкарска сметка првите 24 месеци. Сите други редовни трошоци на компанијата во САД, можете да ги пронајдете во делот на често поставувани прашања.
Kоја е користа од Stripe?
Stripe нуди и payment услуги, односно со него можете да ги наплатувате своите производи и услуги. Додека сличните сервиси се прилагодуваат на пазарите на кои доаѓаат со цел да можат да примат што повеќе нови деловни корисници, Stripe се одлучи на обратен пристап.
Компанија во САД: Со или без Atlas
Ви треба ли Stripe за да отворите фирма во САД? Секако дека не. Со малку гуглање, можете и сами да пронајдете како да отворите фирма и банкарска сметка во САД. Дали е со Atlas поедноставно? Очигледно дека е, затоа и Stripe се одлучи на тој чекор, а вие гледате дали има смисла.
Доколку сметате дека за 500 долари ќе заштедите време кое можете побрзо да го потрошите на развој на својата компанија, секако искористете го Stripe Atlas во своја корист – и потоа пишете ни за впечатоците!