Ова е сигурно еден од најсмешните социјални експерименти од областа на маркетингот во последно време.
Во обид да ги потсетат потрошувачите дека и евтините обувки може да бидат квалитетни и модерни, ланецот економични продавници за чевли Payless отвори „лажна“ луксузна продавница во Санта Моника, Калифорнија, при што познати модни „инфлуенсери“ плаќале по 600 долари за модели на чевли кои рално чинат помеѓу 20 и 40 долари.
Продавницата, именувана „Palessi“ по „името“ на „нов луксузен дизајнер“, била наполнета со модели на Payless, но со „пренапумпани“ цени, и било приредено помпезно отворање.
За само неколку часа од „отворањето“, биле продадени чевли во вредност од 3,000 долари. На „прелажаните“ купувачи потоа им биле враќани парите, а чевлите ги добивале како подарок.