Бугарскиот главен град Софија ќе биде домаќин на следното издание на Европските награди за дизајн и Европскиот фестивал за дизајн во 2026 година.
Тимот на студиото Комплект ќе биде главен организатор и куратор на настанот, во партнерство со Бугарското конгресно биро и Европските награди за дизајн, а комуникациската агенција Next DC ќе биде партнер кој ќе работи на визуелниот идентитет на софиското издание.
Платформата за аплицирање се отвора на 15 декември 2025 година, а изданието ќе се одржи во јуни 2026 година.
Европскиот фестивал за дизајн во Софија ќе понуди дводневна меѓународна конференција со водечки европски дизајнери, практични работилници, изложби на современ дизајнерски решенија и посета на креативни студија во градот.
На фестивалот церемонијално ќе се одбележи и 20-годишнината од основањето на Европските награди за дизајн.