Во пресрет на SoMo Borac, организаторите ги најавија предавачите кои на посетителите преку своите излагања ќе им дадат конкретни совети за постигнување подобри резултати, за унапредување на комуникацијата меѓу тимовите, но и за тоа кој е рецептот за успешен „pitch“.
Владо Винце повеќе од десет години води технолошки тимови во секторот за култура, вклучувајќи проекти за изградба на нови културни институции во Њујорк – The Shed и Perelman Performing Arts Center (PAC NYC). Имплементацијата на дигитални решенија и водењето проекти во непрофитна средина, кои мора да исполнат многу специфични креативни и деловни цели, може да биде предизвикувачка, а во своето предавање тој ќе нагласи како да се менаџира и подобри разбирањето меѓу тимовите за резултатите да бидат што поуспешни.
Дали навистина размислуваме „out of the box” или тоа стана вообичаена фраза, додека во реалноста се водиме по веќе испробани и докажани практики? Во своето предавање “Performance Marketing Without Playbooks” за ова ќе зборува Тин Хузек Китaн, раководител за перформанс маркетинг во Solflare. Тин има повеќе од 12 години искуство во дигиталниот маркетинг, особено во „performance“ и „conversion-driven“ пристапите, како и над 5 години искуство во „web3“ и крипто-светот, а своите сознанија ќе ги сподели со публиката на SoMo Borac на 24 октомври во Mozaik Centar во Загреб.
Ивица Скочиќ, како директор на креативната агенција McCann Zagreb, учествувал на многу натпревари („pitch“-еви) за различни клиенти, а како најчести предизвици ги наведува неквалитетната подготовка и недоволно јасното усогласување околу целта на проектот. Врз основа на истражување што покажува дека агенциите во просек трошат повеќе од 650.000 евра годишно за учество на натпревари, а само 4 од 10 победнички идеи некогаш се имплементираат, тој ќе одржи предавање “Pitch кој (пре)скапо ве чини!”. Како експерт кој низ натпревари поминал и од клиентска и од агенциска страна, ќе даде конкретни насоки за тоа како треба да изгледа процесот, со цел поедноставување и постигнување заемен бенефит.
Искористете ја можноста за купување TARDY BIRD влезници, а до 30 септември пријавете ги вашите проекти во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Сите новости околу овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac како и на Facebook, Instagram и LinkedIn.