Пријавувањето завршува на 25 септември 2024 година, а пријавувањето по поволни „early bird“ цени трае до 1 септември 2024 година
По отворањето на апликациите за овогодинешното издание на SoMo Borac by Aleph, кое ќе се одржи на 25 октомври во Загреб, познати се имињата на регионалните експерти кои ќе одлучат за проектите што најмногу се истакнале и заслужиле вредно признание. Овогодишни претседатели на жирито се Маја Блуменшајн, директорка на одделот за нови медиуми во Nova TV, за медиумската скеција; и Ксенија Латковиќ Козарац, директорка за дигитални комуникации во Podravka, за огласувачката секција.
SoMo Borac веќе 12 години по ред ги наградува најдобрите дигитални проекти и кампањи во регионот, а минатата година беше соборен рекордот во бројот на апликации, односно 230 проекти од шест земји во регионот се натпреваруваа за престижните награди. Па така, SoMo Borac, покрај наградувањето на најуспешните дигитални проекти, е одлична можност за поврзување и размена на искуства на регионални експерти од областа на дигиталниот маркетинг и дигиталното издаваштво, но и можност за едукација преку предавања кои опфаќаат актуелни и релевантни теми од индустријата поткрепени со регионални и глобални примери.
Минатата година, како коорганизатор на SoMo Borac by Aleph, се приклучи и Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI), со цел да ја зајакне секцијата за меидуми и да го поддржи споделувањето знаење и ресурси меѓу заедницата на дигитални издавачи. Во медиумската секција, издавачите можат да ги достават своите проекти во вкупно 5 категории, од кои новина е „Best media Feature“, во која апликантите можат да претстават специфични делови од нивните постоечки производи кои се значително подобрени или иновирани. Дополнително, пријавените проекти ќе бидат наградени во следните категории: „Digital Product of the Year“, „Design of the Year“ и „SoMo Native“.
Маја Блуменшајн, директорка на одделот за нови медиуми во Nova TV и претседателка на медиумското жири, истакна: „SoMo Borac е натпревар кој постојано се прилагодува на промените на пазарот и се обидува секоја година да ги прикаже навистина најдобрите проекти, земајќи ги предвид спецификите. од медиумската професија. Благодарна сум на организаторите за довербата што ми ја дадоа, а претседавањето со овој исклучителен состав на жирирачи е нешто што многу ме радува. И покрај напорното темпо на оваа суперизборна, супер спортска и во многу други аспекти богата со содржини година, колегите од различни медиуми покажаа исклучителна креативност и иновативност, па затоа пред нас имаме тешка задача да ги избереме најдобрите“.
Претставници на медиумското жири од Македонија се Игор Поповски (CRNOBELO MEDIA) и Дамјан Дано (Aqtos & CTRL+ALT+DEL Media), а целосниот состав на жирито е достапен на веб-страницата SoMo Borac на следниот ЛИНК.
Секцијата за огласување оваа година ја воведе новата категорија „Digital product“, со цел да ги наградува дигиталните производи од сите видови кои, со нивните иновативни идеи и високи перформанси, им овозможиле на организациите да истражуваат нови аспекти на дигиталниот бизнис. Покрај новата категорија, членовите на жирито за огласување ќе избираат победници во 10 други категории: „SoMo Social Strategy“, „SoMo Content“, „Tik Tok“, „Digital activation“, „Digital mix“, „SoMo Tech“, „Somoritanac“, „SoMo Global“, „SoMo Growth“ и „Digital OOH“. Партенерите на проектот на некој од победниците ќе му ја доделат и специјалната награда „Special Mention by Aleph“, која се фокусира на ефективноста и иновативноста во дигиталниот маркетинг.
„Пред сè, морам да кажам дека е голема чест, но и голема одговорност да се биде претседател на жирито во оценувањето на делата кои од година во година ги поместуваат границите. Во секој случај, со нетрпение очекувам да видам што е направено на регионалната дигитална сцена. Процесот на жирирање е секогаш напорен, но исклучително инспиративен процес во кој и ние учиме нешто ново и ги прошируваме нашите хоризонти, што е всушност и поентата на SoMo Borac, чија цел е размена на знаења, искуства и идеи“ – истакнува Ксенија Латковиќ Козарац, директорка за дигитални комуникации во Podravka и претседателка на огласувачкото жири.
Претставници на огласувачкото жири од Македонија се: Елеонора Горгева (Publicis Skopje), Енес Каракаш (Piksel LTD) и Александар Китановски (BGD agency), а целиот состав на жирито можете да го разгледате на следниот ЛИНК.
Пријавувањето по поволна „early bird“ цена е возможно до 1 септември 2024 година, а крајниот рок за пријавување е 25 септември 2024 година. Регистрирајте се да го добивате билтенот на SoMo Borac и први да ги дознавате новостите за најважните дигиталните награди во регионот. Исто така следете ги социјалните прфили на SoMo Borac на Facebook, Instagram и LinkedIn.