SoMo Борец, наградата која се доделува на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ, а која ја организират агенциите 404 и Јасно и гласно, како и членот на жирито Дарко Булдиоски, основач на агенцијата New Media, откриваат кои дигитални трендови според нивните проценки не очекуваат на македонскиот пазар во идната година.
1.Фокус на корисничкото искуство
Очекувам да се постават повеќе и побрзи процедури за пренесување на фидбекот од корисниците на социјалните медиуми до сите засегнати вработени во компанијата и секако тоа да резултира со адаптација на понудата, услужливоста и секако односнот кон самите корисници.
Не е ова прмена која се случува преку преку ноќ, веќе оваа промена може јасно да се посведочи кај дел од компаниите, но очекувам во иднина да добие зголемен интензитет што секако ќе се одрази позитивно врз крајните корисници и комапниите.
2. Стратегија за мобилни корисници
Во светот за т.н. mobile first стратегија се зборува неколку години, всушност таа во голема мера е веќе и реалност. Мобилните уреди, паметни телефони и таблети на големо доминираат во нашите домови, на работа и секаде каде одиме. Социјалните медиуми во најголема мера ги „конзумираме” во движење, во автобус, во кола, на улица, во кафич, дискотека, кино… секаде, и каде трба и каде не треба.
Сето тоа го менува нашето корисничко искуство, го менува начинот на кој ја гледаме и читаме содржината и најважно го менува начинот на кој имаме каква и да е интеракција со содржината. И тука се менуваат работите од корен. Се менува врмето кое го посветуавме за една содржина, се менува начинот на кој ја споделуваме содржината, се менува типот на содржина која добива приоритет.
Комплетното фокусирање на самиот Facebook кон мобилното искуство ги тера компаниите да заборават на калсичните наградни игри во Facebook таб, а тоа значи дека ќе мора да се потрудат повеќе на микросајтови подобни за отварање и користење на мобилни уреди. Едно е сигурно, социјалните мрежи и податоците таму стануваат позадински слој на многу сајтови, апликации, игри и сервиси кои ги ќе ги нудат брендовите.
3.Инстаграм го поминува Твитер
Можеби бо галамата која ја создава никој не може даго стигне Твитер, но во ефектот кој го постигнува од маркетинг гледна точка Инстаграм и локално чекори напред. Почнаа веќе сериозно да се двојат попуалрни локални инстаграмџии со солидна публика, па набрзо ќе почнат и да се спремаат повеќе камапњи и т.н. скриено промовирање на происводи и услуги преку влијателните.
SoMo Борец ги наградува најдобрите дигитални проекти во регионот. Дознајте повеќе на www.somoborac.com