Овогодинешниот SoMo борец, најважната дигитална награда, освен што овај пат доделува 24 статуетки испечатени во 3D технологија, има и нови категории
Како што се приближува регионалниот најпопуларен медиумско маркетиншки фестивал, Weekend Media Festival, така доаѓа и време за SoMo борец, најважниот настан и собир за дигитални професионалци, кој се одвива веќе трета година по ред. SoMo борец ги препознава најдобрите од дигиталниот свет, па така оваа година ќе додели дури 24 статуетки испечатени во 3D технологија, во осум категории.
Некои од нив се веќе познати од претходната година: SoMo Face (најдобра официјална Facebook страница), SoMust Have (други социјални мрежи – Twitter, Instagram i sl.), CM на годината (community менаџер/менаџерка на годината) и SoMo Content (најдобар контент маркетинг проект). Категоријата Вирален блокбастер проширена е на сите вирални содржини – клучно е да е вирална, а може да се работи за видео, гиф,инфографик и сл. Категоријата SoMo Tech ги наградува најдобрите мобилни, веб, фејсбук апликации, апликации за паметни часовници или слична технологија. Во категоријата Digitalni mix (поранешната There’s not a problem I can’t fix cause I can do it in the mix), новост е дека можат да се пријават сите кампањи кои се случуваа на повеќе дигитални канали. И последна новост е категоријата Digitalac godine, во која компаниите ги пријавуваат раковдителите на своите дигитални оддели или на дигиталните проекти, а кои ги наградуваме поради исклучително квалитетните проекти и остварувања.
Има новости и во жири комисијата. Оваа година освен класичното жири, постојат и предселектори, кои го избираат првиот круг на трудови: Во предселекцијата, жири комисијата е составена од: Dragan Varagić (Србија), Ivan Brezak Brkan, Mia Biberović (Хрватска) и Ekrem Dupanović (Босна и Херцеговина).
Во жири комисијата седат: Nikola Vrdoljak (404, Хрватска), Boris Ličina Borja (Jasno I glasno, Хрватска), Vlado Karmelić (Drap, Хрватска), Dubravko Opašić (Degordian, Хрватска), Matej Špoler (Infinum, Хрватска), Vanja Bertalan (Web Burza), Vladimir Čosić (McCann, Србија), Nikola Barać (Huge Media, Србија), Igor Bozović (Executive Group, Србија), Ivan Živković (Pioniri, Србија), Sašo Dimitrievski (Pristop/Renderspace, Словенија), Zoran Trojer (Sonce.net, Словенија), Dubravko Grubišić (httpool, Босна и Херцеговина), Ejub Kučuk (Mita group, Босна и Херцеговина), Filip Arsov (Synapse – Digital Agency, Македонија), Darko Buldioski (New Media, Македонија) i Tarik Zaimović (Bild Studio, Црна Гора).
И на крај, најважната вест за сите вредни дигиталци – пријавите се отворени! И секако, како и сите изминати години, се бесплатни!