SoMo Борец, една од најважните дигитални награди во регионот, која секоја година се доделува во склоп на Викенд Медиа Фестивал, има нова категорија која се вика SoMoRitanac!
Без обзир дали времињата се лесни или тешки, секогаш има некој на кому му е потребна помош. Понекогаш треба да се “освести“ целата јавност за проблемот, да се даде поддршка, да се биде со оние на кои им се одземени некакви права. Многу често, таа поддршка на здружување на поединци, големи и мали компании, како и работата на нивните агенции е клуч на успехот за придобивање на вниманието на јавноста. Баш затоа, SoMO Борец, вклучи и нова категорија – SoMoRitanac.
Оваа награда ќе се доделува за најдобрата дигитална кампања која допринела на некоја повисока цел (на пример ја освестила јавноста за некој проблем, помогла на некоја загрозена група или придонела во решавањето на некој општествен проблем)
“SoMoRitanac сака да покаже како ние помагаме за светот да биде подобро место. Таа е тука да ги истакне оние кои во тоа биле најдобри, но и да не инспирира да и самите помогнеме кога сме во можност“ – вели Ружица Врдољак Личина од организацијата на SoMo Борец.
Освен оваа категорија SoMo Борец ги препознава најдобрите и во следниве категории: SoMo Face (најдобра Фејсбук страница), SoMust Have (најдобро од останатите социјални мрежи), CM на годината (најдобар community manager), SoMO Content (најдобар content маркетиншки проект), Вирален блокбастер (интернет хит), Digitalni Mix (кампања на повеќе дигитални канали), SoMO Tech (најдобри апликации или примени на технологија) и Дигиталец на годината (најдобар раководител на дигитални проекти)
Пријавите за SoMо Borec се бесплатни и стартуваат УТРЕ, па во меѓувреме, повеќе информации можете да погледнете на овој ЛИНК.