Home » Во фокусот » Sony Bravia успеа да не воодушеви со новите вибрантни бои обезбедени oд страна на најновата ера на телевизиски екрани

Sony Bravia успеа да не воодушеви со новите вибрантни бои обезбедени oд страна на најновата ера на телевизиски екрани

Новиот спот го промовира Sony Bravia OLED и е дело на DDB Берлин.
Режиран од страна на Ben Tricklebank и Soup Film, спотот прикажува татко и син трагачи по авантури како патуваат во доцните вечерни часови со теренско возило.
Кога конечно ќе пристигнат до делот кој наликува на крајот на универзумот- стигнуваат до глетка која одзема здив – масивна планета која се издигнува над хоризонтот – и чудесно, станува збор за самата планета Земја.

Дали синот и таткото живееле на сосема друга планета целиот свој живот?
За дилемата да се разреши- спотот привршува со заклучок дека цело време се работи за нивиот дисплеј на бројни Bravia OLED екрани.

Спотот е снимен на големите височини на Altacama во Чиле, снимен е со бројни камери и има за цел да го измами окото на гледачите дека го гледаат вистинското нешто.
За спотот во соработка со La Casa Films, изградени биле и специјални патишта за камиони со цел да стигнат до локацијата каде требало да се згради големиот масивен екран кој се појавува на видео спотот.
Овој спот воедно ја надополнува и традицијата на Sony да креира воодушевувачки проекти во полето на маркетингот. Брендот со овој спот сака да ја пренесе пораката дека со лансирањето на OLED, започнува нова ера во полето на ТВ.

r

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365