РЕХАУ, германскиот производител и водечки понудувач на системски решенија и сервис во областите градба, автомотиви и индустрија, ги информира своите клиенти и јавностa:
“Нашата одговорност како интернационална компанија е голема и затоа сериозно дејствуваме на сите полиња, секогаш ориентирани кон иднината. Како фамилијарно претпријатие, РЕХАУ свесно го прави разграничувањето по деловни полиња и бранши, како и региони и држави. Тоа ни дава стабилност и ја зајакнува економската моќ на компанијата. Ние им помагаме на нашите клиенти да станат поодржливи. Со нашата сила за иновативност создаваме производи и решенија што се ориентирани кон потребите на клиентите и кои им овозможуваат да ја зголемат нивната енергетска ефикасност, да ги намалат трошоците и да обезбедат квалитетен живот пред сѐ!“
Заради остварување на својата примарна цел – задоволни клиенти, РЕХАУ има продажни центри во сите држави каде што е активна. Партнерите на РЕХАУ, кои произведуваат прозорци од висококвалитетни профили, постојано имаат обуки и нивното производство постојано е контролирано директно од РЕХАУ, сѐ со цел да се направат исто толку квалитетни прозорци.
Така, нашите партнери стануваат всушност авторизирани РЕХАУ партнери од Македонија, кои достоинствено ги произведуваат и продаваат прозорците од прозорските профили РЕХАУ во Македонија и стојат зад квалитетот на прозорците што ги вградиле.
Заради Ваша сигурност и безбедност, секогаш информирајте се дали прозорците од РЕХАУ-профили што планирате да ги купите и вградите се произведени во Македонија и од кој Авторизиран партнер на Рехау.