Алекс Богуски, соосновачот и поранешен извршен креативен директор на Crispin Porter + Bogusky, се враќа во агенцискиот свет 8 години откако целосно се оттргна од адвертајзингот. Тој ќе ја превземе улогата на генерален креативен инжинер во матичната CP+B.
„Се наоѓаме во одлучувачки момент за иднината на адвертајзинг индустријата. Потребите на брендовите се променети и време е да се преиспитаат најдобрите креативни пристапи за да се задоволат тие потреби,“ изјави Богуски.
Осврнувајќи се на времето кое го помина надвор од индустријата како советник за технолошки стартапи, Богуски додаде: „Мислам дека адвертајзинг агенциите може да имаат бенефит од еланот и агилноста кои револуционеризираа толку многу други индустрии.“
Соосновачот на агенцијата Чак Портер го опиша Богуски како „најоригиналниот и иновативен мислител кој го познавам.“
„Последниот пат кога Алекс беше тука, ние реинвентиравме што значи да се биде адвертајзинг агенција, и мислам дека тоа му е најпотребно на индустријата во ова време,“ додаде Портер.
Алекс Богуски има работено на некои од најславните креативни кампањи во адвертајзинг индустријата во периодот од 1989 до 2010 година, вклучувајќи ги „Subservient Chicken“ на Burger King и кампањата против пушење „Truth Campaign“. Во 2009 година, Богуски беше прогласен за „Креативен директор на декадата“ од страна на AdWeek. Во 2010 година ја напушти CP+B и се оддалечи од адвертајзингот, влегувајќи во светот на технолошките стартапи. Во меѓувреме, автор е и на две книги: „The 9-Inch Diet“ – своевиден манифест против брзата храна, и „Baked In“ која е посветена на маркетингот.
Враќањето на Богуски се случува во период кога родителската компанија на CP+B, MDC Partners, отпушти неколку членови на корпоративниот лидерски тим, вклучувајчи го и глобалниот генерален маркетинг директор Боб Кантор.