Сопственикот на весникот Дејли Мејл и веб-страницата MailOnline го тужи Гугл за наводна манипулација со резултатите од пребарувањето.
„Дејли меил“ го обвинува „Гугл“ дека има премногу контрола врз рекламирањето на интернет и дека го намалува рејтингот на линковите до нивните статии, фаворизирајќи други извори.
Се наведува дека Гугл ги „казнува“ издавачите во рангирањето доколку не продадат доволно простор за рекламирање на Гугл.
Гугл возврати дека ваквите обвинувања се „незаслужени“.
Тврдењата на весникот произлегуваат од проценката дека нивното следење на кралското семејство во 2021 година било деградирано во резултатите од пребарувањето. На пример, весникот тврди дека Британците во потрага за коментарите на Пирс Морган за војвотката од Сасекс Меган Маркл по интервјуто со Опра Винфри, имале поголема веројатност да видат написи од Морган кои биле објавени од помали, регионални извори и покрај фактот што „Дејли мејл“ пишуваше по неколку статии дневно на оваа тема.
Уредникот на Дејли Мејл, Питер Рајт, изјави за Би-Би-Си дека резултатите од пребарувачот се „анти-конкурентни“. Тој навести дека видливоста на „Дејли мејл“ во потрагата е намалена откако весникот користеше техники за рекламирање „што им овозможи да го пренасочуваат сообраќајот од„ Гугл “кон други платформи, кои плаќаат подобро , а тоа било нивната казна“.
Сајтот Дејли Меил е еден од најчитаните во светот, пишува Би-Би-Си. Само во САД има 75 милиони посетители месечно, покажуваат податоците од тужбата поднесена вчера во Њујорк.