Сопственикот на New York Sun, Довид Ефун, започнал ексклузивни преговори за купување на британскиот дневен весник Telegraph за околу 550 милиони фунти, со што би завршила 16-месечната битка за контрола на проконзервативниот печатен медиум.
Ефун е роден во Манчестер во Обединетото Кралство, но ја изградил својата медиумска кариера во САД како поранешен уредник на еврејскиот весник Allgemeiner Journal со седиште во Њујорк.
Доколку неговата понуда за купување на Telegraph биде прифатена, ќе следува шестнеделен процес на ревизија од страна на британските регулатори, кои ќе треба да утврдат дали продажбата на весникот е во согласност со законите за јавен интерес, вклучувајќи ја одредбата за точно претставување на вестите, слободно изразување и посебно за весниците – доволна плуралност на ставови и лица со контрола на сопственоста.
Всушност, досегашните сопственици на весникот, конзорциумот RedBird IMI, беа принудени да го стават на продажба откако британската влада донесе закон со кој на странски држави или поединци директно поврзани со странски држави им се забранува да поседуваат удел во печатените медиуми во Обединетото Кралство.
Имено, споменатиот концорциум е главно поддржан од шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахајан, потпретседател на Обединетите Арапски Емирати, кој е исто така сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер Сити и американската инвестициска компанија RedBird Capital Partners.