Факултетот FEFA, водечки приватен факултет за едукација на експерти од областа на економијата, новите технологии и креативните индустрии и I&F Grupa, комуникациски систем кој работи во 12 држави од Југоисточна Европа и нордискиот регион, започнаа соработка за магистерски студии по економија, кои од оваа година се составени од три изборни модули – Маркетинг и менаџмент, Бизнис економија и Бизнис и финансиска аналитика.
Во текот на целата програма на магистерски студии, на студентите им се обезбедува знаење и поддршка кои се клучни за успехот во „новата реалност“, создавајќи нови генерации економисти кои знаат да создадат нова вредност за својата компанија. I&F Grupa, која во своето портфолио има различни активности и професии, со своето искуство и знаење, ќе придонесе за оваа програма на магистерски студии со комплементарни теми и полиња, кои студентите дополнително и по свој избор ќе можат да ги следат. За таа цел, на бројните предавачи ќе им се придружат како гости-предавачи вработените на I&F Grupа кои ќе пренесат теоретско и практично знаење стекнато за време на повеќегодишна работа на 12 европски пазари, кои покриваат повеќе од 58 милиони потрошувачи во следниве предмети: Принципи на маркетингот, Бизнис иновации и Mаркетинг истражувања и аналитика.
„Во согласност со глобалните трендови и потребите на компаниите, формиравме 3 нови насоки во мастер студии по економија со цел да создадеме нови генерации економисти кои знаат да одговорат на предизвиците на новото време и да создадат нова вредност за компанијата. Благодарение на нашите алумни, колеги и соработници од водечките компании во регионот, создадовме исклучително флексибилни студии кои обезбедуваат можност за прилагодување кон индивидуалните амбиции, интереси и желби, преку избор на 80% изборни предмети во најбараните области на економијата“, вели проф. Горан Питиќ, претседател на Советот на ФЕФА факултетот.
„Новата реалност“ во која живееме, предизвикана од пандемијата на вирусот корона, сè повеќе укажува на потребата од иновација на образовниот систем преку зајакнување на младите луѓе да се прилагодат на постојаните и честопати ненадејни промени на пазарот, не само сега, туку и во иднина.
„Соработката, дијалогот и размената на знаење меѓу образовните институции и бизнисот е од големо значење. Како компанија, на различни начини со текот на времето сме биле ангажирани во оваа размена. Овој пат ќе се обидеме да дадеме придонес како гостински предавачи на магистерските студии на ФЕФА преку визурата и искуството од практиката од областа на маркетингот, односно поединечните области како што е бренд планирање, бренд аналитика и сл. Меѓусебното знаење треба да се сподели и на тој начин да се придонесе за подигнување на квалитетот, стекнување нови знаења и развој на професијата“, вели Оливера Перковиќ, Deputy CEO & Chief Strategy Officer I&F Grupа.
Во развојот на студиската програма, учествуваа и странски академски партнери: MOC мрежата на Институтот за стратегија и конкурентност на Харвард бизнис школата и Универзитетот Фордам. Програмата е конципирана да обезбеди современо знаење за кое има најголема побарувачка на пазарите на трудот, како во Србија, така и во странство.
Истовремено, студентите на магистерски студии по економија ќе имаат можност, доколку сакаат, да слушаат предавања на мастер студиите за дигитална трансформација, со цел да стекнат и други комплементарни знаења и да добијат уште поширок увид во современиот начин на работење. Благодарение на различните придобивки, комплетната програма за магистерски студии е организирана за да обезбеди убедлива предност на поединците при позиционирањето на домашниот и странскиот пазар на трудот и со тоа, во исто време, значително да придонесе за создавање нови вредности во компаниите каде ќе започнат со својата професионална кариера.
Информации за програмата, предавачите и уписите можете да пронајдете на линкот: https://www.fefa.edu.rs/Ekonomija-master/